„Сони“ не се откажува од прикажување на „Интервју“
24.12.2014 14:11
Најави негово прикажување во 200 кино сали. Ќе се одржи и ограничена премиера на комедијата на католички Божиќ...

Сони пикчрс и покрај заканите и хакерскиот напад, не се откажува од прикажувањето на филмот Интервју кој севернокорејскиот лидер го претставува на комичен начин.
Најави негово прикажување во 200 кино сали. Ќе се одржи и ограничена премиера на комедијата на католички Божиќ.
Компанијата соопшти дека филмот ќе се прикажува од независни дистрибутери.
