Откриени напапаѓачите на возачот на Брза помош
Петмина малолетници го претепале возачот на екипата на Итната помош на Новогодишната ноќ. Полицијата ги откри насилниците, а истрагата веќе е почната. Пред јавниот обвинител хулиганите треба да ги откријат мотивите за нападот на екипата. Малолетниците својот исказ го даваат во присуство на родител. Откако ќе заврши распитот ќе се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор или ќе се бранат од слобода.

Во попладневните часови еден од тепачите веќе говорел за настанот. Сепак детали не се откриваат ниту од полицијата, ниту пак од обвинителството, барем додека не заврши распитот на сите кои учествувале во нападот.
Екипата на Итната помош на Новогодишната ноќ беше нападната во скопска ,,Кисела вода”. Тргнала да помогне на човек во кома. Лекарската комора апелираше за брзо пронаоѓање на хулиганите, но и побара заштита за здравствениот персонал..