„Волшебна Нова Година 2015“ почнува утре

24.12.2014 14:22

Составен дел од незаборавната новогодишна авантура која ќе трае од 25-ти до 31-ви декември ќе биде и Волшебниот парк создаден од Новогодишниот маркет, Детската волшебна шума, Распеаната елка и Централниот дочек на Новата 2015 година...

Новогодишниот проект „Волшебна Нова Година 2015“ во организација на Универзална сала, а под покровителство на Град Скопје, официјално започнува утре. Официјалното отворање на „Волшебна Нова Година 2015“ ќе биде во утревечер во 19.00 часот во Парк „Жена Борец“.

Составен дел од незаборавната новогодишна авантура која ќе трае од 25-ти до 31-ви декември ќе биде и Волшебниот парк создаден од Новогодишниот маркет, Детската волшебна шума, Распеаната елка и Централниот дочек на Новата 2015 година.

Како посебен дел од овој проект е и Дедомразовска трка која за првпат се организира во Град Скопје, што ќе се одржи на 28-ми декември, недела, со почеток од 12 часот.

Трката има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за изградба на парк за активно вежбање и спортување.