Расте расната нетрпеливост во САД
Ново убиство на афроамериканско момче од страна на полицаец. Инцидентот предизвика револт кај граѓаните на Сент Луис. Неколкумина се уапсени...

Безбедносната состојба во САД на стаклени нозе. Расте тензијата по новото убиство на осуманесeтгодишниот афроамериканец, Тони Мартин. Бил застрелан од полицаец. Инцидентот се случил на бензиската станица „Мобајл гејс“ во предградието на Сент Луис во сојузната држава Мисури.
Полицаецот се доближил до две момчиња, кои му биле сомнителни. Едното од нив извадилo пиштол и го вперилo во него. Полицаецот веднаш истрелал неколку куршуми при што му нанел смртни рани. Очевидци велат дека момчето не било вооружено.
„Не, не, тој немаше пиштол. Неговата девојка живее овде, тој доаѓаше кај неа. Полицијата е виновна, тие сега нема да кажат како навистина се се случило“, вели мајката на убиеното момче.
Инцидентот повторно предизвика бран демонстрации. Неколку илјади граѓани излегоа на протести. Со транспаренти „Стоп на полицискиот терор“ и „НЕ за расизмот“, демонстрантите ги нападнаа силите за безбедност. Неколкумина се уапсени.
„Ужасно е тоа што го прават полицајците. Ние сакаме да претсане насилството. Мислам дека градоначалникот и претставници на полицијата мора да почнат разговори со народот за смирување на тензијата“, изјави Џина Белафонте.
„Не можеме проблемите да ги ставаме под тепих, се додека така се однесуваме со проблемите ќе ни се случуваат вакви ситуации“, смета Еуген Пурер, демонстрант.
По неколкуте убиства на афроамерикански момчиња од полицијата, состојбата во САД секојдневно се влошува.
Марија Петковска
