Градоначалникот на Скопје го посети СОС Детското село
24.12.2014 14:54
Градските власти продолжуваат со грижата за оваа институција. На дечињата им беа подарени новогодишни пакетчиња...

Градоначалникот на Скопје традиционално пред Новогодишните и Божиќните празници во посета на СОС Детското село.
„Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка за развој на личните потенцијали и општествени вредности на своите граѓани, а особено на најмладите, и ќе поддржува голем број проекти. Во годинава што изминува Градот Скопје ја уреди внатрешноста на една од куќите, со комплетно варосување на површина од околу 500 квадрати“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Градските власти продолжуваат со грижата за оваа институција. На дечињата им беа подарени новогодишни пакетчиња.
