Кошарка - АБА лига

Црвена Звезда триумфално и низ Софија!

24.12.2014 15:58

Со рекордните 14 врзани победи од стартот на сезоната, црвено - белите сега имаат нов предизвик, достигнување на 15-те триумфи во низа на Партизан во сезоната 2008 / 2009-та...

Најдобрата екипа во АБА конкуренцијата не можеше ниту во најсензационална варијанта да загуби од насјлабата, Црвена Звезда е за класи подобра од Левски и затоа славеше како гостин со 99:58. Со рекордните 14 врзани победи од стартот на сезоната, црвено - белите сега имаат нов предизвик, достигнување на 15-те триумфи во низа на Партизан во сезоната 2008 / 2009-та.

Во празната сала во Софија, поради казната на Левски, домашната екипа поведе со 5:4, но во наредните 11 минути Црвена Звезда, иако без капитенот Митровиќ, одговори со серија од 32:2. Во ситуација кога немаша вистински отпор од бугарскиот шампион, тренерот на белграѓани, Радоњиќ веднаш по првата четвртина на клупата ги остави Вилијамс и Марјановиќ.

Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Калиниќ со 22 поена, кај Левски напрецизен беше Димитров со 18, додека македонскиот интернационалец Ѓуроски постигна 11.

Црвена Звезда е лидер во регионалната конклуренција со ефект 14-0, втора е Будуќност со 11-2 во пресрет на денешното гостување кај Металац. По вчерашната победа против Крка со 100:75 третопласираната Цедевита има 10-4. Со победата во Љубљана со  77:74, Цибона се израмни на четвртото место со Олимпија со биланс 8-6. Партизан славеше против Солнок 62:55 и е шести со 7-7.

Вчера и Игокеа беше поуспешна од Задар со 71:56 и му побегна на МЗТ Скопје за една победа. Двете екипи имаат по 9 порази. Во завршниот натпревар од 14-то коло, последно во првиот дел, аеродромци утре во СЦ Јане Сандански ќе играат против Мега Лекс од која на стартот на сезоната загубија по продолжение. Преносот од овој дуел ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 20 часот.