За рударството успешна 2014-та, дивата експлоатација- рак рана!
Менаџерите очекуваат поенергични мерки од надлежните, да се стави крај на нелојалната конкуренција што продуцира неконтролиран лош квалитет на градежни материјали...

За успешна ја оценија годинава, но со доза на скептицизам влегуваат во деловната 2015-та. Дивата експлоатација на минерални суровини е рак- рана на рударството.
Менаџерите очекуваат поенергични мерки од надлежните, да се стави крај на нелојалната конкуренција што продуцира неконтролиран лош квалитет на градежни материјали. Бараат- министерството за економија да не ги зголемува концесиите, ги плаши берзанскиот пад на цените на металите.
„И покрај кризата во Европа, рударскиот сектор деловната 2014-та година ја завршува успешно. Ако се погледне статистиката, во првите 10 месеци има извесен пад на уделот на рударството за околу два отсто, но до крајот на годината очекуваме да се достигне планираното ниво, ако се оди според планот, ќе има нов производител на бакар - рудникот во Казан Дол“, рече Николајчо Николов, претседател на МАР.
260 компании имаат концесии за експлоатација на 350-тина локации. Од нив пет за јаглен, девет за металични минерали. Менаџментот на „САСА“ очекува в година - прошиерена концесија. Со 18 милиони евра го завршиле инвестицискиот циклус.
„Сторивме сѐ за да му овозможиме на рудникот постоење и во наредните 20 години со истиот капацитет под услов во 2015-та година да добиеме проширена концесија за експлоатација. Тоа се впрочем и нашите очекувања“, рече Максим Прохоров, од „САСА“.
Рударството со речиси 12 проценти учествува во индустриското производство, има 480- тина активни компании и над 7.500 вработени.
Сузана Фиданска- Стоевска
