Брисел за Божиќ го одзема здивот

24.12.2014 17:15

Денеска е Бадник за верниците со католичка вероиповед. Традиционално Белгијците присустуваат на црковните литургии, а вечрта ја поминуваат во кругот на семејството...

Прославувањето на Божиќ во европската престолнина - Брисел го одзема здивот. Како што може да се забележи во централниот дел на плоштадот „Гранд Плаза“ е рандиозното здание кое го преставува Христовото раѓање и посетата на трите кралеви.

Останатиот дел од овој плоштад освен традиционалната новогодиша елка е поштеден од дополнително украсување- причината е што Гранд Плаза поради својата 10 вековна историја се наоѓа под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. Но, фантастичното осветлување во ритамот на класичната музика, кое ќе започне малку подоцна- бидејќи на северот на Европа подоцна се стемнува, ја доловува магичноста на празничното прославување.

Карактеристично за Божиќниот декор во центарот на Брисел се и околу 240 дрвени бунгалови на изложувачите од цела Европа на кои се продваат рачно изработените божиќни украси.

Инаку денеска е Бадник за верниците со католичка вероиповед. Традиционално Белгијците присустуваат на црковните литургии, а вечрта ја поминуваат во кругот на семејството.

Вечерата започнува со свежи морски плодови и за разлика од останатите европски држави кои оваа вечер јадат исклучително посна вечера, на Божиќната трпеза на Белгијциите задолжтелна е печена мисирка. Вечерата е комплетна кога ќе се испие и последната чаша црвено вино.

Отворањето на подораците од под Новогодишната елка е дел од Божиќниот белгиски фолклор.

Интересно е што Белгијците како што самите велат, двапати го прославуваат Божиќ. Прв пат на 6-ти декемри, кои според Грегоријанскиот календар е Свети Никола, а втор пат на 25-ти декември.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ