Французите годинава потрошиле помалку пари за божиќни подароци
Французите вечерва навистина имаат причина да слават, покрај оваа тешка и бурна недела која останува зад нив, со настаните во Дижон, Тур или Нант. Вечерва Дедо Мраз ќе биде многу дарежлив посебно за најмладите, оставајќи бројни подароци под божиќната елка, иако сите податоци зборуваат дека французите годинава потрошиле многу помалку за божиќните подароци...

Во Франција се е направено за да празнувањето биде навистина попријатно, украсените улици, како Елисејските полиња, преполнетите продавници. Но сепак Буџетот за празниците на француските семејства секоја година се намалува. Иако на крајот на годинава тие се дарежливи, сепак тие го стегнаа ременот.
„Не можам да заштедам конкретно, подароците секогаш даваат задоволство, но буџетот е многу ограничен.“
Годинава просечниот буџет на семејствата за божиќната трпеза и подароците се намали од 541 на 518 евра. Односно намалување на куповната моќ за 4,5% во споредба со ланската година, тоа е најголемо намалување од 2010.
Попладнево на улиците ги сретнавме последните купувачи пред славењето.
„Секоја година ја правам истата грешка, го чекав последниот момент и потоа сум под стрес, но тогаш сум поефиксна.“
„Секогаш купувам во последен момент, тоа е мојата определба, бидејќи секогаш си велам дека имам време и ги чекам послдните денови.“
„На одмор сум и одложував до последниот ден и навистина имав време да го направам тоа спокојно.“
Сепак за французите и покрај штедењето е важно да се празнува Божиќ. Најразгалени ќе бидат по обичај децата.
Божиќ е пред сѐ семеен празник кој им дозволува на семејствата да се најдат сите заедно околу богатата семејна трпеза за која само Французите ја имаат тајната.
Да се разделиме со погледот на Божиќната елка која го краси еден од најубавите плоштади во Европа, заштитен од УНЕСКО, плоштадот Станислас во Нанси.
Тони Гламчевски, дописник за МРТ од Франција
