Од 2015-та по 1.000 доктори и медицински персонал на обука во странство

24.12.2014 17:50

Целта на ваквото решение е нашите лекари да црпат искуства од земјите во кои медицината отишла најнапред.

Од 1 јануари, наместо 500, секоја година по 1.000 доктори и медицински персонал ќе одат на обуки во странство. Македонија има склучено договори за соработка со голем број болници, со што значително ќе подигне квалитетот на здравствените услуги во земјава – вели премиерот Груевски.

Целта на ваквото решение е нашите лекари да црпат искуства од земјите во кои медицината отишла најнапред. 

Во одредени болници, специјалистите ќе остануваа и по подолго време, се додека не стекнат врвни искуства и знаења. Ќе одат по тројца, а секој од нив ќе има обврска да обучи двајца колеги од земјава.