Кошарка

Крис Ворен во Карпош Соколи

24.12.2014 19:51

Американецот со панамско државјанство во кариерата одигра четири сезони во Евролигата во тимовите на Цибона и на Авелино...

Периодот кога кошаркарските екипи се засилуваат за продолжението на сезоната го користи и Карпош Соколи. Во обид да оствари посакуван резултат во домашните натпреварувања, клубот потпиша договор со Крис Ворен.

Американецот со панамско државјанство во кариерата одигра четири сезони во Евролигата во тимовите на Цибона и на Авелино и би требало да биде силен адут за тренерот Александар Петровиќ на бековските позиции.

Своевремено, Ворен беше втор стрелец во основниот дел од кошаркарската лига на шампионите. Негов последен клуб беше Бнеи во израел, а дресот на Карпош Соколи се очекува да го облече на почетокот на Јануари.