Папа Франциско: На светот му е потребна поголема нежност и топлина
25.12.2014 09:43
На традиционалното обраќање на Божиќ во базиликата Свети Петар во Ватикан, папата праша дали имаме храброст со нежност да ги прифатиме тешкотиите и проблемите на нашите блиски...

На синоќешната Божиќна миса, папата Франциско ги повика верниците на поголемо сочувство кон семејството и пријателите кои имаат проблеми и нагласи дека на светот му е потребна поголема нежност и топлина.
На традиционалното обраќање на Божиќ во базиликата Свети Петар во Ватикан, папата праша дали имаме храброст со нежност да ги прифатиме тешкотиите и проблемите на нашите блиски или повеќе сакаме безлични решенија кои се лишени од топлината на Евангелието.
