Католичките верници денеска празнуваат Божиќ

25.12.2014 11:48

Пред 8 илјади верници во црковните клупи и уште три илјади пред видео бимовите на плоштадот, Папата Франциск испрати порака за мир и скромност меѓу луѓето и за надеж и утеха меѓу Христијаните...

Католичките верници денеска го празнуваат Христовато раѓање, Божиќ. Прославата почна со полноќната миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, еден од најголемите настани во календарот на Римокатолиците.

Пред 8 илјади верници во црковните клупи и уште три илјади пред видео бимовите на плоштадот, Папата Франциск испрати порака за мир и скромност меѓу луѓето и за надеж и утеха меѓу Христијаните, кои како никогаш досега се прогонувани во земјите на Блискиот и на Средниот исток и во Африка.

Илјадници верници го слават раѓањето Христово по Грегоријанскиот календар и во неговото родно место Витлеем.