Парите од ИПАРД најискористени во Ресен
25.12.2014 11:53
Парите од европскиот ИПАРД фонд се повеќе се одобруваат за индивидуалните земјоделци. Ресенските овоштари се лидери во искористените проекти...

Продолжува одобрувањето на инвестициите од ИПАРД програмата.
Постапката е по сложена од националните програми но ИПАРД критериумите се сѐ по достапни и за обичните земјоделци. Ресенските овоштари се лидери во искористувањето на европските пари.
По реализација на одобрените инвестиции, педесет и четири овоштари од Ресен, кои потпишаа договор со Платежната агенција добија средства од ЕУ фондовите за рурален развој.
Средствата се за обновување на постојните овошни насади и производството на зеленчук на отворено.
Методија Трајков
