Со системот капка по капка до четири пати поголемо производство
Зголемената примена на системите за наводнување во земјоделството се должи на успешната соработка на Центрите за регионален развој и УСАИД...

За четири пати зголемено производство на пченка по хектар имаат земјоделците кои годинава на своите ниви поставија систем за наводнување капка по капка. Преку проектот за експанзија на мали бизниси финсиаран од Американската и Швајцарската влада, во Македонија повеќе од 120 хектари земја, најчесто засадена со пченка се наводнува на овој начин.
„Одгледувам 25 грла крави, оваа година добив систем какпка по капка од УСАИД програмата, резултатите се одлични. Постогнав тонажа околу 15 тони по хектар, а без капка по капка на истите ниви достигнуваше до 5 тони“, вели Адиљ Фиољанин, земјоделец од Градско.
Зголемената примена на системите за наводнување во земјоделството се должи на успешната соработка на Центрите за регионален развој и УСАИД.
„За оваа сезона која што помина дониравме 80 системи капка по капка за добивање на пченка , додека програмата с епроширува оваа година на 160 хектари од кои 120 хектари ќе бидат за одгледување на пченка, а другите 40 за одгледување на сончоглед“, рече Мартин Трајчев, од Проектот за експанзија на мали бизниси, УСАИД.
И земјоделците од Вардарскиот плански регион се дел од проектот. Системот капка по капка е поставен на земјоделска површина од 15 хектари на која се произведуваше пченка и сончоглед.
„Во околината на Велес добивме принос од 12 тони по хектар додека просекот беше 3 до 3,5 илјади тони во велешкиот регион додека во општин аРосоман во месноста Камен дол с едоби 17 тони по хектар и таму приностот е 3,5 до 4 тона“, изјави Славчо Чадиев, претседател на Советот на Центар за развој на Вардарски плански регион.
Намалување на зависноста на државата од увоз на пченка и сонцоглед и поголема исплатливост на земјоделците ова целта на проектот на УСАИД кој за 2015 година има буџет од 400 илјади долари за финансирање на нови површини кои земјоделците ќе ги наводнуваат со системи капка по капка.
Дијана Иванова
