Се заокружи порибувањето во водите на Охридското Езеро

25.12.2014 12:15

3 илјади парчиња автохтона пастрмка беа пуштени во водите на Охридското Езеро, со што беше заокружана активноста за 2014-та година. Билансот од порибувањето за целата година изнесува над два милиона парчиња, со што се смета дека охридската пастрмка ќе остане заштитен вид риба во езерото...

Со 3.000 единки автохтона речна пастрмка и оваа година беа порибени реките во струшко и тоа река Црн Дрим, Сатеска и Вевчанска река од страна на риболовното друштво Пастрмка од Струга.

Денешното порибување на риболобниот регион Црн Дрим 1 е со подмладок произведен во репроцентарот во Шум, кој работи во склоп на институтот за сточарство во Скопје и под строг надзор на државниот инспекторат за земјоделство, рече инспекторот за рибарство Јован Бојчовски.

Рибарите конечно се надеваат дека во реките повторно ќе можат да ја видат речната пастрмка која ја има се помалку а со тоа ќе се врати и спортскиот рекреативен риболов.

Се надевам дека и сега ќе се вратат времињата од некој пат каде што ќе моќеме повторно да гледаме пастрмки по течението на реката Црн Дрим, вели потпреседателот на риболовното здружение Пастрмка од Струга, Величе Наумоски.

Овој период е во тек и забрана на речната пастрмка која се мрести и нејзиниот лов е строго забранет. За непочитување на оваа мерка следуваат казни.

Во моментов е забрана за пастрмката, забраната е до 1-ви Март, и нашата риболоварска чуварска служба нема да толерира никакви исклучоци на уловени единки на пастрмка, изјави Емил Матовски, претседател на риболовното друштво Пастрмка од Струга.

Во 2014 година македонскиот дел од Охридското Езеро беше порибено со 2.175.000 парчиња на подмладок од охридска пастрмка, додека албанскиот дел беше порибен со 560.000 парчиња. Со порибување на овие 3.000 парчиња автохтона речна пастрмка се заокружи порибувањето на речна пастрмка за оваа 2014 година.

 

Јованчо Наумоски