Преговорите за Источна Украина без успех
25.12.2014 12:25
Во преговорите учествуваа проруските бунтовници, претставнци на Русија и на Украина и ОБСЕ...

Преговорите во Минск на контакт групата за решавање на украинската криза завршија без напредок, а немаше ниту договор кога би се одржала наредната рунда.
Во преговорите учествуваа проруските бунтовници, претставнци на Русија и на Украина и ОБСЕ. Тема на разговорите беа мерките што би се презеле за осигурување на стабилноста и прекинот на огнот во Источна Украина.
Досега во судирите во Источна Украина загинале 4 илјади и 700 лица.
