Северна Кореја не планира напади во САД

25.12.2014 12:35

Севернокорејски дипломат во Обединетите Нации протестирал против ставањето на филмот на интернет и емитувањето во над 300 кино сали во САД...

Северна Кореја не планира физичка реакција, туку само укор против јавното објавување на филмот „Интервју“ во кој се раскажува измислен заговор за убиство против лидерот Ким Јонг Ун.

Севернокорејски дипломат во Обединетите Нации протестирал против ставањето на филмот на интернет и емитувањето во над 300 кино сали во САД, нарекувајќи го филмот непристојно исмејување на суверенитетот и достоинството на врховниот водач.

Тој уште еднаш повторил дека Северна Кореја нема никаква врска со хакерскиот напад врз „Сони Пикчрс“.