Клучни за инвестицијата на Костал- добрата бизнис клима и искуствата на веќе присутните инвеститори

25.12.2014 12:51

Компанијата во првиот квартал почнува како браунфилд инвестиција, а вработените ќе ги праќа на обуки во Украина и Ирска...

Цели две години траеле преговорите со германски Костал за инвестицијата во охридско – струшкиот регион. Клучно при носењето на финалната одлука, освен добрата бизнис – клима, биле и средбите на менаџментот на компанијата со постојните странски инвеститори, од рангот на Џонсон Мети, Вистеон, Дрекселмајер.

Компанијата во првиот квартал почнува како браунфилд инвестиција, а вработените ќе ги праќа на обуки во Украина и Ирска.

Компанијата Костал е со седиште во Германија, а е присутна во 17 земји, меѓу кои Кина, Mексико, Велика Британија, Бразил, Индија и брои околу 15.000 вработени.

Произведува електронски модули за раководење прозори, врати, седишта, волани, менувачи, камери, сензори.  

Производите на Костал се вградуваат во најлуксузните марки автомобили - Мерцедес Бенз, БМВ, Бентли, Ролс Ројс, Јагуар, Пежо, Ситроен.

Вкупната инвестиција за шест години треба да достигне 70 милиони евра.