Последни пратенички прашања годинава
25.12.2014 13:03
Според Собранискиот деловник седница за поставување пратенички прашања вообичаено се свикува секој последен четврток во месецот...

Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски ја започна 27-та седница на чиј дневен ред се пратеничките прашања.
Според Собранискиот деловник седница за поставување пратенички прашања вообичаено се свикува секој последен четврток во месецот.
На неа, задолжително присуствуваат претседателот и членовите на владата, како и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе се поставуваат прашања.
Пратениците имаат право да поставуваат најмногу по три прашања.
