Модернизиран електронскиот регистар на прописи
Според надлежните, на транспарентен начин системот ги презентира сите новини во работењето на владата...

Надграден и модернизиран е Електронскиот национален регистар за прописи кој дава информации за законската регулатива, предлог законите и јавните дебати. Во изминатите четири години го посетиле 27 илјади лица. Според надлежните, на транспарентен начин системот ги презентира сите новини во работењето на владата.
Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, измените и надградбата се направени со цел на засегнатите страни да им се даде корисна и практична алатка за нивно континуирано учество во процесите на донесувањето на регулативата.
„Покрај новиот дизајн ЕНЕР нуди и нови современи и практични модули, меѓу кои: едноставна регистрација и упатства за користење, нова систематизација на прописите, согласно категоризацијата која се користи од Службениот весник на Република Македонија, системско конфигуриран период на автоматска објава на коментар, со што ќе се овозможи поголема ажурност на навремено објавување на коментари, потоа поставување на бројчаник со јасно прикажување на денот и часот на завршување на процесот на консултација, што ќе овозможи поголема сигурност кај јавните корисници во кој временски период ќе може да ги испратат своите коментари, како и воведување нови линкови“, изјави министерот Ивановски.
