Обуки за невработени лица за туристички водичи и за обезбедувачи
25.12.2014 13:19
Активните баратели на работа може да конкурираат до 15 ти јануари, велат од Агенцијата за вработување на Република Македонија...

Две нови мерки во програмите за вработување. Ќе се обучуваат невработени лица за туристички водичи и за обезбедувачи.
Активните баратели на работа може да конкурираат до 15 ти јануари, велат од Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Обуките се однесуваат на сите активни баратели на работа од областа на туризмот, со која 15 лица можат да добијат лиценца за туристички водич или придружник и од областа на обезбедувањето, каде може да апицираат активни баратели на работа со статус на деца без родители до навршување на 18 години и со приматели на социјална парична помош за што се предвидени 20 лиценци.
