Реконструирано Турбето на Крал Кзи
Овој споменик на културата е конзервиран и реконструиран со средства на Министерството за култура на Република Македонија (20.000 евра) и Федералното Министерство за култура и спорт на Босна и Херцеговина (10.000 евра)...

Реконструирано е Турбето на Кралот Кзи во кое почива принцезата Катерина Томашевиќ, ќерка на босанскиот крал. Турбето датира од 15- ти век и во него е сочуван и вграден автентичен материјал, најден при археолошките испитувања во 2010-та година.
Овој споменик на културата е конзервиран и реконструиран со средства на Министерството за култура на Република Македонија (20.000 евра) и Федералното Министерство за култура и спорт на Босна и Херцеговина (10.000 евра).
Споменикот денеска го посетија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот гостин, министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан.
