РСБСП: Внимателно возете за празниците

25.12.2014 13:42

Апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи...

Внимавајте прославите на претсојните празници да не завршат со семејни трагедии, порачаа од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи.  

За време на празниците има голема фреквенција на сообраќајот и голем дел од возачите возат под дејство на алкохол. Затоа бројот на несреќи е многу повисок во однос на другиот период од годината. Сметаме дека со внимание несреќите можат да се спречат и затоа апелираме возачите да не возат под дејство на алкохол, рече портпаролот на РСБСП Тоше Јанев.

Да не се вози под дејство на алкохол, а полицијата ќе биде максимално присутна на улиците и на патиштата.