Обама горд на „Сони пикчрс“
Обама изненади со одговорот на новинарско прашање по партијата голф со Малезискиот премиер...

Американскиот претседател Барак Обама рече дека е горд што „Сони пичкрс“ го реализираше филмот Интервју. И покрај хакерскиот напад и заканите на Северна Кореја големите независни кино сали и интернет мрежата решија да го прикажат филмот.
Обама изненади со одговорот на новинарско прашање по партијата голф со Малезискиот премиер.
„Мило ми е што филмот ќе се емитува. Среќен Божиќ на сите“, рече Обама.
Севернокорејски дипломат во Обединетите Нации протестирал против емитувањето на филмот, нарекувајќи го непристојно исмејување на суверенитетот и достоинството на врховниот водач.
Уште еднаш повторил дека Северна Кореја нема никаква врска со хакерскиот напад врз „Сони пикчрс“.
