Објавен оглас за избор на генерален конзул во Њујорк

25.12.2014 15:15

озицијата се карактеризира со политичка и економска допломатија, односи со дијаспората и редица други работи коишто значат промоција на интересите на нашата земја...

Владата објави оглас за избор на генерален конзул на Република Македонија во Њујорк.

Позицијата генерален конзул на Република Македонија во Њујорк е доста значајна позиција бидејќи се претставува нашата замја во САД, исто така и во градот Њујорк којшто е значаен светски центар. Позицијата се карактеризира со политичка и економска допломатија, односи со дијаспората и редица други работи коишто значат промоција на интересите на нашата земја и затоа е потребно способен и квалитетен кандидат да ја извршува истата и да придонесе понатаму во промоцијата на националните и државните интереси, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Краен рок за доставување на апликациите е 20-ти јануари 2015-та.