Двете лица на Божиќ
Божиќ имаше и друго лице во воените жаришта. На христијаните во тие делови од светот, Франсис им испрати порака за надеж. На светот му е потребно малку повеќе нежност, разбирање и трпение, рече Папата и се помоли за прогонетите во Ирак, Сирија, Нигерија и Западниот Брег...

На Божиќ се добиваат подароци, се дели радост, се слави со семејството покрај богата празнична трпеза. Католиците го прославија Христовото раѓање во изобилство, со благодарност и со молитва. Ова е време на мир и разбирање, кога човек се врти кон себе си и го бара тоа што е добро во него, порача Папата од базиликата Св. Петар.
Но, Божиќ имаше и друго лице во воените жаришта. На христијаните во тие делови од светот, Франсис им испрати порака за надеж. На светот му е потребно малку повеќе нежност, разбирање и трпение, рече Папата и се помоли за прогонетите во Ирак, Сирија, Нигерија и Западниот Брег.
„Го молам Спасителот на светот да ги погледне нашите браќа и сестри во Ирак и во Сирија кои веќе долго страдаа во конфликтот и заедно со припадниците на другите етнички и верски групи се жртва на брутален прогон“, рече Папата Франсис Први.
На Западниот брег, во Витлеем, христовото родното место, звуците на божиќната миса се измешаа ѕвечкањето на оружјето на силите на обезбедувањето. Сириските христијани годинава го прославија Божиќ како бегалските кампови или среде разурнатите Алепо и Дамаск. Во Ирак, Исламска Држава не даде надеж за божиќен мир. Католичките Копти во Египет ја поминаа божиќната миса под силно обезбедување поради заканите на исламистичките групи.
„Мора да си споменеме на страдањето во земјите како Сирија и Ирак. Денеска се молиме за нив и посакуваме мир за нашата земја и за целиот свет“, вели жителка на Египет.
Во Нигерија, за време на Божиќните празници, во страв од терористички напади е воведена забрана за сообраќај во две држави. Во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја, пазарите останаа полупразни, а божикната радост ја намали стравот од еболата.
„Нема радост во празников. Секој ден се бориме да ставиме храна на масата за нашите деца. Нема никаква радост. Страдаме“, вели Мери Туреј, жителка на Сиера Леоне.
А можеше да биде поинаку, како во далечната 1914, кога се случи Божиќно чудо... По еден милион загинати, без никаква наредба 100 илјади војници едноставно го спуштија оружјето. Од двете страни на рововите на Првата светска војна, во духот на празниците, Британците и Германците си пружија рака за Божиќното примирје. Точно 100 години подоцна, чудото не се повтори.
Ивана Салтировска
