Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје 2014“
Градот Скоплје им врачи парични награди, а ЕВН ќе им ја плати декемвриската сметка за електрична енергија...

Прогласени се најдобро украсените дворови, тераси, угостителски објекти и средно училиште. Градот Скоплје им врачи парични награди, а ЕВН ќе им ја плати декемвриската сметка за електрична енергија.
За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.
Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец.
Од пријавените четири угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „DEJA VU“ во Аеродром.
За најубаво украсен двор на Средно училиште, во конкуренција од пет пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски“.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели благодарница.
