Иванов: Неопходна е нова етапа во регионалната соработка
Клучна задача, ќе имаат амбасадорите во непосредното соседство...

Дипломатите да покажат проактивност со засилен ангажман за остварување на стратегиските цели на надворешната политика, порача претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
„Нашата дипломатија мора да биде во тек со промените во светот, а и самите знаете дека само во 2014-та бевме сведоци на тектонски поместувања на политичката сцена на глобално ниво“, истакнал претседателот.
Клучна задача, ќе имаат амбасадорите во непосредното соседство.
„На сите регионални собири инсистирам дека дојде време кога декларативноста во регионалните односи мора да ја испратиме во историјата. Неопходна е нова етапа, со нови потреби, за конкретни проекти во регионалната соработка“, оценил Иванов.
Македонското малцинство во соседните земји, обединувањето на дијаспората, евроатлантските интеграции, економските интереси се наведени во приоритетите на Иванов на работната средба.
