Струмичани ја негуваат традицијата за новогодишно украсување на домот
Свечената новогодишна атмосфера ги зафати и нашите градови. Елките се задолжителен декор, а се украсуваат и улиците, балконите, дворовите. Некои ангажираат дури и стручњаци по дизајн. Еве ја атмосферата во Струмица...

Мали или големи, со еднобојни или разнобојни лампиони, ламбички и ленти. Новогодишните елки стануваат задолжителен декор во декември. И постарите струмичани ја негуваат традицијата на предновогодишно украсување на домот.
Традиционално доминираат две бои, црвената и зелената велат експертите. Според нив, семејството, домот, топлината, животот и хармоничната атмосфера се главна асоцијација на овие бои.
„Зимзелено дрво, зелената боја го симболизира живото, енергијата, плодноста, младоста свежината, црвената е полна со енергија, го симболизира огнот, крвта“, вели Ксенија Хаџиева- магистер по внатрешен дизајн.
За многумина зимата е еден од најубавите периоди во годината. Празниците кои доаѓаат со себе носат и свечена атмосфера во домовите.
„На врвот секогаш стои или ѕвезда, или ангел, тие се симболи поврзани со раѓањето на Исус“, вели Хаџиева.
Во последно време, семејствата рачно и дома ги создаваат новогодишните украси, како чин на сплотеност, но и креативно дружење, потенцираат експертите.
Катерина Давчева
