Путин: Курсот на рубљата мора да се задржи

25.12.2014 17:51

Без координација со финансиско- економскиот сектор, нема да можеме да го решиме проблемот, рече Путин...

Владата мора да се ориентира на исполнување на социјалните обврски и да направи напор да се задржи курсот на рубљата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министрите. 

Иако тоа пред се е работа на централната банка, без координација со финансиско- економскиот сектор, нема да можеме да го решиме проблемот, додаде Путин.

Во меѓувреме снежните врнежи предизвикаа откажување на повеќе од 150 лета. Поради невремето неколкумина министри не дојдоа на средбата со Путин.