Ердоган во борба против белата чума најави измени на правото на абортус и на царски рез
Едно дете значи осаменост, две ривалство, три баланс, а четири се богатство, порачал Ердоган во својата честитка на венчавката на синот на еден турски бизнисмен, пренесува турски „Доган“...

Контролата на раѓање деца е еднаква на предавство, а контрацептивните средства ќе пресушат цела една генерација, предупредува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, загрижен за наталитетот во неговата земја.
Според него, едно или две деца, не се доволни за силна нација, потребна е подинамична и помлада популација. Турција мора да го надмине нивото на модерната цивилизација.
Едно дете значи осаменост, две ривалство, три баланс, а четири се богатство, порачал Ердоган во својата честитка на венчавката на синот на еден турски бизнисмен, пренесува турски „Доган“.
Владата во Анкара долго време е на ударот на критиките поради наметнувањето на строгите исламски правила, со изразено органичување на правата на жените. Сепак политиката за наталитетот се спроведува во Турција.
И самиот Ердоган е татко на четири деца и бара секоја жена да роди барем три деца.
Турскиот претседател предложи и измени за ограничување на правото на абортус и на царски рез. Со ваква демографска политика бројот на жителите во Турција рапидно надминал 76 милиони.
