Ракометарите во посета на СОС детското село
Донацијата во средства за хигиена и ракометни топки е само почеток на како што најави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов сериозната соработка и континуираната помош за СОС детското село...

Со пригодни подароци и незаборавно дружење со најмладите ,дел од нашите ракометни репрезентативци денеска го посетија СОС детското село во Скопје. Традицијата што беше востановена минатата година за донирање и помош на институциите на кои тоа им е најпотребно продолжи на средбата со најмладите во детското село кои имаа ретка можност ,но и задоволство да поминат еден час со нивните идоли: Филип Миркуловски,Борко Ристовски,Стојанче Стоилов и Наумче Мојсовски.
Донацијата во средства за хигиена и ракометни топки е само почеток на како што најави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов сериозната соработка и континуираната помош за СОС детското село. Хуманитарната акција не заврши со посетата, туку со покана за штитениците за детското село , но и со сите љубители на ракометот и хуманоста за присуство на неделниот натпревар со селекцијата на Израел,нашите ракометари и РФМ потврдија дека целокупниот приход од билетите е наменет за нивните денешни домаќини.
