Албанија годишно потпишува по 760 барања за откажување на државјанство
04.01.2014 13:25
Се зголемува бројот на албански државјани, кои се откажуваат од своето, со цел да добијат државјанство главно на некоја од земјите членки на ЕУ, јави дописникот на МИА од Тирана.
Се зголемува бројот на албански државјани, кои се откажуваат од своето, со цел да добијат државјанство главно на некоја од земјите членки на ЕУ, јави дописникот на МИА од Тирана.
- Секоја година во просек од албанско државјанство се откажуваат по 760 лица за да добијат државјанство на друга земја. Главно лицата кои се откажуваат од албанското државјанство добиваат државјанство на некоја од земјите на ЕУ, потврдуваат од Дирекцијата за државјанства и емиграција при министерството за внатрешни работи на Албанија.
- Според истиот извор, во последните 5 години од албанско државјанство се откажале 4 илјади лица, а интересот продолжува со зголемен интензитет.
- Според албанската законска регулатива, апликацијата за откажување или добивање албанско државјанство се доставува до Министерството за внатрешни работи, кое по спроведувањето на потребната постапка, решението за тоа го доставува до шефот на државата за потпис.
