МЗТ Скопје и се реваншира на екипата на Мега Лекс
Натпреварот почна отворено во брзо темпо, при што македонскиот претставник со висок процент на реализација ги завршуваше нападите, пред се од дистанца, со 3 постигнати тројки од исто толку обиди...

Во последниот натпрвар од 14 АБА лигашко коло, екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеше над Мега Лекс со 84 : 79 со што му се реваншира на српскиот клуб за поразот на стартот на сезоната. Натпреварот почна отворено во брзо темпо, при што македонскиот претставник со висок процент на реализација ги завршуваше нападите, пред се од дистанца, со 3 постигнати тројки од исто толку обиди. Во три наврати имаа по 5 поени предност, а по десет минути водеа со 26:23. Во вториот ја расипаа ефикасноста, а растрчаните гости предводени од искусниот Кешељ и центарот Мареља направија серија од седум поени за водство од 33:40. Идентично врати МЗТ во финишот од периодот, но со трите поени на Загорац во последната секунда на полувреме се замина со 40:43.
По одморот се продолжи со слично темпо, со агресивна игра македонскиот шампион лесно фати рзултатски приклучок, а екипите се менуваа во водство, при што Класен поентираше во последната секунда од периодот за минимално водство 62:61. Слично се играше и во завршната четвртина, се до завршните три минути Кога на сцена стапи Шеховиќ. Неговите 5 едноподруго поени во комбинација со одличната игра под обрачите на Самарџиски придонесе за преземање на предноста, која успеаја да ја исконтролираат до крајот, за конечни 84:79.
Најефикасени во домашниот тим беа Шеховиќ со 19 поени, Синовец постигна 17 а Самарџиски 10 и оствари 9 скокови, а кај гостинскиот состав Мареља беше најзабележителен со 16 поени. Ова е вкупно 5 победа за МЗТ Скопје сезонава со која најавува приклучок кон средината на табелата, во пресрет на гостувањето со Задар.
