Отворен ден на Владата за граѓаните

26.12.2014 09:48

Поради големиот интерес покажан за време на реализацијата на проектот „Отворена Влада“, Владата одлучи на граѓаните повторно да им овозможи одблиску да се запознаат со работата на институцијата...

Граѓаните денеска ќе имаат можност да ја посетат Владата и да се запознаат одблиску со нејзината работа, начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, како и со организацијата на нејзината работа.
 
Во рамките на обиколките на зградата ќе бидат опфатени и Салата за билатерални средби, Кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала. Воедно при посетата ќе биде овозможено присуство на седница на една од владините комисии.