Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

26.12.2014 09:53

Во ова коло ќе се извлекува за еден стан, еден деловен простор, еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари...

Во понеделник ќе се одржи ново и последно извлекување за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ ќе се одржи во понеделник. Извлекувањето ќе пренесува во живо на МРТ1.
 
Во ова коло ќе се извлекува за еден стан, еден деловен простор, еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.
 
За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон.
 
Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената - за наградна игра.