Меркел - личност на годината според весникот „Тајмс“

26.12.2014 10:12

Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот, пишува весникот, истакнувајќи ја улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија...

Влијателниот британски дневен весник „Тајмс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината.
 
Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот, пишува весникот, истакнувајќи ја улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија.
 
Според „Тајмс“ Меркел се покажа како незаменлив посредник меѓу Истокот и Западот во изминатата година, кога односите меѓу двете страни беа затегнати до крајни граници за време на најопасната геополитичка криза од времето на Студената војна.
 
Ангела Меркел во 2005-та година стана најмладиот канцелар на Германија и прва жена на оваа функција.