Претседателот Иванов ќе ја одликува МРТ со Орден за заслуги

26.12.2014 09:40

Oрденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Mакедонското радио и 50-годишнината од основањето на Mакедонската телевизијa...

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ја одликува МРТ со Oрден за заслуги за исклучителни резултати во негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности од земјата и од светот.

Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Mакедонското радио и 50-годишнината од основањето на Mакедонската телевизијa.

Вчера МРТ го доби и највисокото одликување од Македонската православна црква– Охридска архиепископија, орденот Свети Климент од прв ред.
 
Светиот архиерејски синод оцени - голем е придонесот на МРТ во афирмацијата на дејноста на Македонската црква.