Отпадот од земјоделството да се користи за биоѓубриво
26.12.2014 11:53
Отпадот од земјоделството најчесто завршува во реките и долините. Природата се загадува, а се трошат и пари за вложување во ѓубрива...

Земјоделците на мака. Скапаното овошје, гранки и отпадот од градинарските култури, најчесто го истураат во реките, езерата и долините.
Само во Преспанскиот слив годишно се фрлаат по 500 тони фосфор кој е главниот загадувач на езерото. Земјоделците потоа повторно го купуваат како скапо вештачко ѓубриво.
Решението е во преработка на органскиот отпад.
Употребата на ова ѓубриво за фармерите ќе значи и подобрување на почвата и отпорноста на земјоделските култури на болести и штетници.
Методија Трајков
