Собранието ќе расправа за мандатите на пратениците од опозицијата
26.12.2014 12:04
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања, на седницата одржана на втори декември, реши да му предложи на Собранието одземање на мандатите на 31 пратеник од опозициската СДСМ...

Собранието ќе расправа за мандатите на пратениците од опозицијата. Потребно е двотретинско мнозинство за одземање на мандат на пратеник. Народните избраници, за секој мандат ќе треба поединечно да се изјаснат.
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања, на седницата одржана на втори декември, реши да му предложи на Собранието одземање на мандатите на 31 пратеник од опозициската СДСМ и нејзините коалициски партнери, врз основа на извештајот за отсуства во период од шест месеци.
