За социјалците 72 илјади парчиња запленета роба

04.01.2014 13:59

Социјално загрозени граѓани ќе добијат над 72 илјади парчиња разновидни производи запленети на граничните премини. Ова вчера го соопшти директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Башким Амети. На прес конференцијата тој рече дека се работи за околу 3.000 парчиња текстилна стока, околу 2.500 чивта обувки, прибор и апарати за домакинство како и играчки. Граѓаните ќе можат да ги подигаат работите почнувајќи од денес па во наредните шест дена – заклучно со 10 јануари.

Инаку, предметите за кои станува збор, по одземањето од страна на Царината на граничните премини, биле предадени на Агенцијата, а оттаму отстапени на Министерството за труд и социјална политика.