Кралот се врати на местото на успехот и загуби!
На враќањето во Мајами со кој освои две титули, Леброн Џејмс и Кливленд загубија со 101:91...

Вистинско божикно задоволство за НБА мераклиите. Пет натпревари, специјално избрани во нив да учествуваат и дел од најголемите ѕвезди. На враќањето во Мајами со кој освои две титули, Леброн Џејмс и Кливленд загубија со 101:91. „Кралот“ беше дочекан со аплаузи и со прегратка од пријателот Вејд кој беше прв играч на мечот со 31 кош, 24 во првото полувреме. Џејмс реализираше поен помалку.
Лејкерс беа немоќни без Коби Брајант и загубија убедливо кај Чикаго со 113:93. Гасол со 23 поени продонесе најмногу за петтата победа по ред на Булс.
Клиперс го спуштија Голден Стејт под 90 поени и триумфираа против најдобрата екипа во моментов со 100:86. Крофорд постигна 24 коша.
Претходно, во двата дуела со европски термин, Оклахома и без Дурент славеше на гости кај шампионот Сан Антони со 114:106 за серија од шест триумфи, додека Вашингтон немаше проблеми во „Медисон Сквер Гарден“ за да го совлада Њујорк со 102:91.
