СПЦ го замени „БЈРМ“ со Република Македонија

26.12.2014 10:32

Во новиот напис потпишан од портпаролот на СПЦ, епископот бачки Иринеј, БЈРМ е заменето со Република Македонија...

Српската православна црква го коригира соопштението за неодамнешната посета на рускиот митрополит Иларион на Скопје, во кое Република Македонија беше именувана како БЈРМ.

Во новиот напис потпишан од портпаролот на СПЦ, епископот бачки Иринеј, БЈРМ е заменето со Република Македонија, но за Македонската православна црква- Охридска архиепископија, и натаму се користат термините, самопрогласена и незканонска.