Висок индекс на загадување во Скопје, Тетово, Кичево и Кавадарци

26.12.2014 12:39

Неквалитетниот амбиентален воздух кој секоја година е карактеристичен за Скопскатата котлина во текот на зимскиот период ги крена на нозе градските власти...

И денеска Скопје е со висок индекс на загадување. Мерните станици во Центар, во Лисиче, во Гази Баба и кај Ректоратот покажуваат опасни вредности на јаглероден моноксид.

Според податоците на Министерството за животна средина тешко се дише и во Тетово, Кичево и Кавадарци. Неквалитетниот амбиентален воздух кој секоја година е карактеристичен за Скопскатата котлина во текот на зимскиот период ги крена на нозе градските власти.

Градоначалникот Трајановски, од јануари најави прскање на улиците со ацетати. Со употрбата на овие препарати загадувањето на воздухот треба да се намали за 30 отсто.

Од еколошките друштва апелираат дека е неопходно да се почитуваат мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Препорачуваат граѓаните да ги остават автомобилите и да го користат јавниот транспорт.

Според метеоролозите во следниве денови се очекува ветрот и врнежите од дожд да ја растераат маглата и да го освежат скопскиот воздух.