Велешко семејство бара помош да ја заврши градбата на куќата која им изгоре во пожар

26.12.2014 12:56

Велешкото семејство Давчевски бара помош од хуманите луѓе за да ја заврши градбата на семејниот дом кој претходно изгоре во пожар. Надежта е поголема од сиромаштијата, велат тие, очекувајќи помош за довршување на куќата...

Се што добивме како градежен материјал од хуманите луѓе го вградивме, земавме и кредит за да ја забрзаме градбата, но стигнавме до тука. Дограмата за целата куќа е направена, за неколку дена ќе стигне, фала им на сите што ни помогнаа, но помош сеуште ни е потребна. Ова се зборовите со кои Велибор и Ленче не пречекаа во семејниот двор.

„Сега најмногу ни требаат цигли, керамиди, капаци и оџаци. Немаме услови ни кредит да подигнеме бидејки мајка ми зема пензија 7.000 денари, а зема илјадо евра кредит и сега повеќе неможе“, рече Велибор Давчевски.

Со четири деца во туѓа куќа тешко е, децата сакаат дома, низ солзи Ленче си ја кажува маката. Се си имавме во старата куќа, сега сме на крстопат.

„Највеќе храна ни треба, хигиенски средства за децата, сите ќе чекаат Нова година, децата немаат новогодишни празници“, вели Ленче Давчевска.

Пред  два месеци пожар ја пеплоса семејната куќа на Давчевски. Надеждта е поголема од сиромаштијата, велат Велибор и Ленче, кои молат за помош за да оспособат барем две соби и во Новата година се вселат тука, потоа, се ќе било полесно.

 

Дијана Иванова