Претседателот Иванов ја одликува МРТ со Орден за заслуги
26.12.2014 13:05
Oрденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Mакедонското радио и 50-годишнината од основањето на Mакедонската телевизијa...

Претседателот Ѓорге Иванов ја одликува МРТ со Oрден за заслуги за исклучителни резултати во негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности од земјата и од светот.
Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Mакедонското радио и 50-годишнината од основањето на Mакедонската телевизијa.
Вчера МРТ го доби и највисокото одликување од Македонската православна црква– Охридска архиепископија, орденот Свети Климент од прв ред.
Светиот архиерејски синод оцени - голем е придонесот на МРТ во афирмацијата на дејноста на Македонската црква.
