Голем број странски туристи за празниците во Македонија
Македонците сакаат да патуваат. Празниците се вистински повод кога можат да си дозволат остварување на сонот. Но, за Новогодишните и Божиќните празници многу странци ќе ја посетат нашава земја...

Белград, Инстанбул, Будимпешта, Виена и годинава се најбарани дестинации кај Струмичани, за дочек на Новата година, велат во туристичките агенции. Останатите граѓани пак и годинава ќе ја изберат поевтината варијанта и ќе останат дома, во кругот на семејството или ќе одат во посета на блиски надвор од Македонија.
„Дома со внучињата ќе седиме... За Гемрнаија таму ќе одиме и ќе останеме и за Божиќ... Дома во домашна атмосфера“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Во туристичките агенции велат дека барани се и домашните аранжмани, претежно во зимските центри, а има и такви граѓани што направиле резервација за поексклузивните места, како Дубаи.
„Како најактуелни понуди за дочек на 2015-та се Белград, Софија, Будимпешта, Милано, Прага, Рим“, вели Силвана Дедејска, вработена во туристичка агенција.
Интерес има и кај странски гости новата година да ја дочекаат во Македонија, пред сѐ во познатите туристички центри.
„Има интерес и кај странски гости за дочек на Нова година во Охрид, Маврово, Крушево, а најголем дел се од Бугарија, Грција, Србија“, додава Дедејска.
И агенции од соседна Бугарија ги нудат македоснките градови, како место за дочек на Новата година. Во Струмица, три ноќевања со новогодишна вечера чинат околу 14 илјади денари.
Катерина Давчева
