Светот се сеќава на разорниот земјотрес кој го опустоши брегот на Индискиот Океан
Земјотресот предизвика серија цунами, при што загинаа повеќе од 230 илјади жители. Брановите високи 30 метри уништуваа се пред себе. Оние што прежиеаја, И по десет години се потсетуваат на хоророт...

Со комеморации и положување цвеќиња, светот се сеќава на црниот 26-ти декември 2004-тата, кога разорниот земјотрес со интензитет од 9.1 степени по Рихтер направи пустош по целиот брег на Индиски Океан од Суматра до Сомалија.
Земјотресот предизвика серија цунами, при што загинаа повеќе од 230 илјади жители. Брановите високи 30 метри уништуваа се пред себе. Оние што прежиеаја, И по десет години се потсетуваат на хоророт.
Милиони луѓе за миг останаа без своите најблиски, без домовите, со неизвесна иднина.
„Ги загубив двете ќерки во несреќата која ја погоди земјава. Научивме да живееме со болката,која ќе ја носиме со нас“, вели Муздалифах, мајка на загинати деца.
Меѓу загинатите имаше и голем број странски туристи, кои ги прославуваа Божикните празници. Некои беа посреќни, успеаја да се спасат.
„По десет години повторно дојдов на местото каде што бев додека цунамито уништуваше се пред себе. Навистина е поинакво чувството сега, иако тагата остана“, изјави Клаудија Гејст.
Потресот кој имаше радиус од 1.600 километри предизвика штета од десет милијарди долари. По несреќата жителите се соочија со нов, поголем проблем. Глад, недостиг од храна и облека, без основни средства за хигиена, луѓето беа беспомошни.
Светот регаираше со неизмерна хуманост. Помош пристигнуваше и од високоразвиените и од сиромашните земји. Луѓето се збратимијаја во борбата со природната непогода.
Македонија, на која не и се непознати природните катастрофи, се вклучи во меѓународната помош со финансиски средства и пратки основни продукти.
Марија Петковска
