Извештајот за падот на кингерот во рацете на македонските власти

26.12.2014 13:27

И шефот на државата Иванов го доби документот, со кој се очекува да се разреши 10-годишната мистерија за смртта на претседателот Трајковски...

Македонските власти го добија извештајот за падот на кингерот. И шефот на државата Иванов го доби документот, со кој се очекува да се разреши 10-годишната мистерија за смртта  на претседателот Трајковски.

Деталите ќе стигнат на адреса и на државниот обвинител Зврлевски. Се заокружува постапката на истрага на меѓународниот експертски тим.

Како што објавија босанските власти, една од причините за трагедијата, било спуштањето на леталото под минималната височина, на што претходела недоволна, неквалитетна и непотполна подготовка на екипажот за приод и слетување, односно игнорирање на информациите од контролата на летање.